Руска бизарност: Познат тренер избркал фудбалер зашто ѝ се „пуштал“ на ќерка му!
Конфликтот меѓу играчот и тренерот настанал како последица на прекинот на љубовната врска меѓу Мостовој и ќерката на Семак, Маја. Тој по раскинувањето на врската инсистирал на смирување и континуирано ѝ испраќал пораки. Откако таа се пожалила кај нејзиниот татко за однесувањето на фудбалерот, дошло до директен судир меѓу играчот и тренерот. Како резултат на тоа, раководството на Зенит одлучило да го отстрани Мостовој од првиот тим и да го испрати во друг клуб.
Претходно, за време на нивната јавна врска, тренерот Семак одржуваше професионален став кон ситуацијата, изјавувајќи пред медиумите дека приватниот живот на неговата ќерка и фудбалерот не влијае врз неговиот третман кон Мостовој и изборот на играчи на теренот.
Мостовој се очекува следното лето да го напушти Зенит како слободен играч, кога и официјално му истекува договорот. Тој пристигна во тимот од Санкт Петербург во 2019 година од редовите на Химки за сума од 50.000 евра. Во изминатиот период, Мостовој одигра 209 натпревари за Зенит, на кои забележа 42 гола и 23 асистенции.
Како дел од клубот освои пет шампионски титули на Русија, шест трофеи во Суперкупот и еден национален Куп.