НФЛ доживотно ѝ забрани на американска порно-актерка да гледа мечеви во Мајами!

Американската инфлуенсерка и модел на платформата „Онли Фанс“, Селина Пауел (31), доби доживотна забрана за присуство на натпреварите на НФЛ-тимот Мајами Долфинс, санкција е изречена по инцидент со обезбедувањето за време на претсезонскиот натпревар против Атланта Фалконс, кој се одигра на стадионот „Хард Рок“.

Расправијата започнала откако обезбедувањето на стадионот ја предупредило Пауел да ги тргне нозете од ѕидот пред нејзиното седиште. Според сведоците, таа одбила да ја послуша насоката, реагирала агресивно и упатила вулгарни навреди кон персоналот. Поради нарушување на јавниот ред и мир, на барање на обезбедувањето интервенирала полицијата која ја отстранила од трибините.

Пауел подоцна во изјава за американските медиуми го потврди инцидентот, додавајќи дека ѝ е соопштена одлуката за доживотна забрана за влез на овој стадион. Иако има законско право на жалба, таа нагласи дека нема намера да ја искористи таа опција.

Инаку, претсезонскиот натпревар заврши со пораз на Мајами Долфинс од Атланта Фалконс со резултат 12-17.