Ивановски стигна до седмото место на трката на 10.000 метри во Таранто

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои седмото место на трката на 10.000 метри на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Ивановски дел од трката помина на лидерската позиција, меѓутоа на крајот стигна до седмата позиција со време од 29:58.82 минути.

Саид Амери го освои првото место на трката со време од 28:31.26, а зад него беа Мустафа Акауи и Хичам Оулада.