Абутовиќ: Македонија ја чувствувам како моја земја!

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ во интервју зборуваше за ракометот во Македонија и имаше само пофални зборови, откако помина девет години од својата кариера во нашата држава.

Абутовиќ играше седум години за Вардар и две за Пелистер, па кажа дека Македонија ја чувствува како своја земја, а откри и дека македонската лига е најсилна во регионот.

„Да си ракометар во Македонија е добра и голема работа. Македонија ја сакам како моја земја, го сакам народот, го сакам нивниот менталитет. Од кариерата поминав девет години таму, седум во Вардар и две во Пелистер. Ракометот е најдобар спорт во Македонија, салите секогаш се полни за дербијата. Има четири врвни екипи во моментов. Мислам дека имаат најсилна лига во регионот. Да гостуваш во Битола, Охрид, но и кај Алкалоид е жестоко. Кога одите во Битола чувствувате навистина тензија, треба да се посети дерби во Битола или Скопје и да се види како изгледа тоа дерби. Тоа е војна на теренот, војна на трибините“, вели Абутовиќ.

Абутовиќ во кариерата играше за Спартак Суботица, Партизан, Слован, па Варар од 2011 до 2018 година, по што го носеше дресот на Рајн-Некар, а играше и за Пелистер од 2024 до 2026 година.