Челси носи уште еден ветеран кој претходно играше за Ливерпул

Англискиот гигант Челси не успеа во финишот на летниот преоден рок да купи нов фудбалер за врска, откако пропадна трансферот на Ламин Камара од Монако, па поради тоа сега се насочи кон слободни агенти.

Според англиските медиуми, Челси се решил да ангажира поранешен фудбалер на Ливерпул, а тоа е Жоржињо Вајналдум.

Холанѓанецот ова лето го прекина договорот со Ал Етифак од Саудиска Арабија и бара нов тим, а Челси изгледа како одлична опција за ветеранот.

Интересно е тоа што „сините“ на овој начин би добиле уште еден ветеран кој претходно играл за Ливерпул, откако претходно го ангажираа Џордан Хендерсон.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club