Манчестер Сити купи играч од Евертон и надмина 500 милиони фунти за засилувања

Манчестер Сити го реализираше трансферот на сенегалскиот репрезентативец Илиман Ндиаје од Евертон во самиот финиш на летниот преоден рок.

„Граѓаните“ за 26-годишниот офанзивец ќе платат 60 милиони фунти, а сумата со бонусите може да достигне и 65 милиони. Ндиаје потпиша петгодишен договор со англискиот шампион. Со неговиот трансфер, сумата која Сити ја потроши за засилувања летово надмина 500 милиони фунти иако клубот заработи околу 350 милиони од продажба на играчи/

Сенегалецот во Евертон пристигна во 2024 година од Марсеј, а за тимот од Ливерпул забележа 74 настапи и постигна 21 гол. Ндиаје во текот на летото беше поврзуван и со трансфер во Тотенхем. Лондонскиот клуб постигна договор со Евертон за неговиот трансфер, но зделката на крајот пропадна.

Манчестер Сити претходно се обиде да го ангажира и Коди Гакпо од Ливерпул, но не успеа да постигне договор со својот ривал. Поради тоа, вниманието беше насочено кон Ндиаје, за кого во последните часови од преодниот рок беше постигнат конечен договор.

„Ова е можност за која работев цел живот. Манчестер Сити е еден од најдобрите клубови во светот и додека растев гледав како освојуваат трофеи. Сега имам можност да напишам сопствено поглавје во нивната историја“, изјави Ндиаје по официјализирањето на трансферот.

Со неговото доаѓање, Енцо Мареска добива уште една офанзивна опција во составот, додека Ндиаје ќе има можност да се бори за најголемите трофеи во англискиот и европскиот фудбал.