Сабаленка играше во проѕирен фустан во Њујорк: Не ми е гајле што мислам луѓето!
Откако дел од јавноста оцени дека нејзиниот проѕирен фустан не е соодветен за водечка светска играчка, таа на прес-конференција јасно порача дека не се оптоварува со туѓите мислења. Дваесет и осумгодишната тенисерка предизвика реакции кога на мечот во мешани двојки со Новак Ѓоковиќ се појави во портокалово-црна креација на „Најк“, дизајнирана во стил на кошаркарски дрес, под која се наѕираа спортски градник и кратки панталони. Изгледот беше надополнет со луксузен накит од њујоршкиот бренд „Material Good“ (127 карати), проценет на 76.000 фунти.
Сабаленка објасни дека нејзината опрема за секој гренслем-турнир годинава е тематски поврзана со различни спортови, инспирирани од градот домаќин.
„Имавме сурфање за Австралија Опен, балет за Ролан Гарос и крикет за Вимблдон. Сега на ред е кошарката бидејќи сме во Њујорк и мислам дека совршено се вклопува“, изјави таа.
Оваа кошаркарска инспирација симболично се поклопува и со неодамнешниот успех на Њујорк Никс, кои во јуни ја освоија првата НБА титула по 53 години. Сабаленка и Ѓоковиќ го завршија настапот во осминафиналето, откако беа поразени од Хенри Патен и Катерина Синијакова (4-1, 2-4, 2-10).
Актуелната шампионка успешно стартуваше со победа над 24-годишната Камила Осорио. На овој меч таа настапи во целосно портокалова верзија на истата опрема. Сабалченка во второто коло, закажано за вечерва, Сабаленка ќе игра против 22-годишната Русинка Полина Јаценко. Нејзината цел на овој турнир е да стане првата тенисерка по Серена Вилијамс која успеала да освои три последователни титули на УС Опен.