Пелистер ја декласира Дубочица за трет триумф во Регионалната лига

Ракометарите на Пелистер остварија убедлива победа (38-24) против Дубочица во третото коло од Регионалната лига, а со тоа го запиша третиот триумф во натпреварувањето.

Дубочица имаше добар старт на мечот и водство сè до 18. минута од мечот (10-9), но потоа Пелистер влезе во серија и стигна до 18-13 на полувреме.

Битолчани доминираа во нападот во вториот дел и ја полнеа мрежата на ривалот, кој се мачеше во нападот, па така на крајот Пелистер славеше со 38-24.

Најефикасен кај Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со 11 голови, додека Филип Кузмановски запиша осум погодоци. На спротивната страна, Ристовиќ беше најефикасен со пет голови.

Пелистер има шест бодови во групата А, по што следи Партизан со четири, Алкалоид и Дубочица имаат по два поени, а Ловќен е без освоен бод.

Фото: РК Пелистер