Мијатовиќ си замина од Партизан!

Предраг Мијатовиќ повеќе не е дел од Партизан откако поднесе оставка од функцијата во управниот одбор, со што засега целосно го прекина ангажманот во клубот од Хумска.

Мијатовиќ на почетокот на јуни, за време на седницата на Собранието на Партизан, се повлече од функцијата потпретседател задолжен за спортски прашања. Тогаш остави можност за враќање во клубот во иднина, вклучително и потенцијална кандидатура за претседателската функција.

Сепак, според актуелниот развој на ситуацијата, такво сценарио нема да се случи во блиска иднина. Со новата оставка, Мијатовиќ остана без функција во која било од клупските тела.

Неговото заминување доаѓа по период во кој Партизан оствари забележителни резултати на меѓународната сцена, но не успеа да обезбеди пласман во групната фаза на Конференциската лига. „Црно-белите“ во квалификациите забележаа пет победи на шест натпревари.

Мијатовиќ во изминатиот период беше дел од спортското раководство на клубот, а со неговото заминување сега се отвора прашањето за неговиот следен професионален ангажман.

Фото: ФК Партизна