Крај на една ера: Меси ја заврши репрезентативната кариера!
Одлуката доаѓа по повеќе од две децении поминати во националниот тим. Меси во емотивна порака истакна дека долго размислувал за својот следен чекор и дека одлуката не била лесна.
„Дадов сè што имав и немам повеќе што да дадам. По многу размислување, сакам да им соопштам на сите дека се повлекувам од репрезентацијата…
Ова беше одлука која болеше и сè уште боли во душата, но разбирам дека дојде моментот. Ви се колнам дека секогаш давав сè од себе, не само во последните години кога освоивме сè, туку и претходно. Секогаш се борев и оставав сè од себе за овој дрес, за да ви донесам радост и да направам да се чувствувате горди што сте Аргентинци преку фудбалот.
Ви благодарам за сета љубов и поддршка во овие 20 години. Многу ќе ми недостига да ве слушам од теренот“, посочи Аргентинецот.
Неговиот репрезентативен период беше исполнет со историски успеси, а најголемите достигнувања беа освојувањето на Копа Америка, како и титулата на Светското првенство во 2022 година.
Фото: AFA - Selección Argentina