Челси го продава Енцо за 120 милиони евра, па пола од парите ќе даде за Французин!?

Англискиот гигант Челси ќе биде активен на трансфер-маркетот во самата завршница, поради тоа што се очекува Енцо Фернандез да си замине од Лондон, а „сините“ веднаш пронајдоа негова замена.

Фернандез ги договори личните услови со Манчестер сити, кој се очекува да плати околу 120 милиони евра за неговите услуги.

По заминувањето на Аргентинецот, се очекува Челси веднаш да испрати понуда до Рома и да го обезбеди потписот на францускиот фудбалер Ману Коне.

Освен Коне се споменуваа уште неколку имиња како замена за Фернандез, меѓутоа во моментов Французинот делува како идеално решение.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club