Вистинско богатство: Откриено е колку Норис ќе заработува со новиот договор

Британскиот возач во Формула 1, Ландо Норис неодамна потпиша нов договор со Мекларен кој ќе го задржи во тимот до 2030 година, а сега е откриено и колку ќе заработува.

Неговиот претходен договор истекуваше во 2027 година, а со новиот потпис соработката, која веќе трае девет години, ќе биде продолжена за најмалку уште три сезони. Новиот договор доаѓа во период кога сезоната не се одвива според очекувањата за Норис.

Финансиските детали од договорот официјално не се објавени, но според информациите кои кружат, Норис ќе заработи околу 120 милиони фунти за целиот период, односно до 30 милиони фунти по сезона или околу 35 милиони евра годишно.

Со тоа Норис се израмнува во финансиска категорија со Макс Верстапен и Луис Хамилтон, наместо да биде една скала под нив.

Станува збор за огромна сума за тим кој најголемиот дел од изминатата деценија го помина во обновување на екипата и обид да се врати во врвот, откако долго време беше на задниот дел од стартната решетка.

Фото: McLaren