Бразилец е шесто засилување за Сити, го платија 40 милиони евра

Крилниот напаѓач од Бразил и досегашен фудбалер на Палмеирас, Алан Елијас, е ново засилување на Манчестер сити.

„Граѓаните“ денеска го потврдија трансферот преку своите официјални канали, а договорот е потпишан на пет години. Алан е шесто засилување за Манчестер сити ова лето, по Елиот Андерсон, Буади, Детурбе, Монге, Рули и Чарлс.

Бразилецот е платен 40 милиони евра фиксно и во тимот ќе биде директна замена за неговиот сонародник Савио, кој замина во Тотнем.