Вардар оди по три бода во Кавадарци, Тиквеш сака да им се врати на победите!

Со денешниот натпревар меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци, се затвора 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Црвено-црните на крилјата на победата над Силекс ќе се обидат да извојуваат триумф и во Кавадарци против Тиквеш кој одлично ја отвори сезоната, но потоа падна.

Кавадаречкиот тим имаше импресивен почеток откако на два меча даде 10 голови и оствари убедливи победи. Но, потоа следуваше пораз од Шкендија Арачиново среде Кавадарци и реми на гостински терен кај Скопје.

Вардарци имаат низа внатрешни проблеми за решавање, но се надеваат дека на теренот ќе врзат серија добри резултати и ќе останат конкурентни за врвот.

По четири кола Тиквеш има освоено бод повеќе од Вардар, во моментов е на третата позиција, црвено-црните се седми. Со триумф вардарци ќе се искачат на третото место, зад Шкендија и Струга.

Денешниот натпревар меѓу Тиквеш и Вардар почнува од 17 часот.