Венус испадна уште во првото коло на УС Опен во меч кој влезе во историјата!

Ветеранката Венис Вилијамс имаше неславен настап на УС Опен откако во првото коло беше поразена од Софија Кенин во меч кој започна после полноќ.

Мечот меѓу Венус Вилијамс и Софија Кенин почна точно во 00:13 часот по локално време. Овој меч ќе биде запишан во историјата како дуел на УС Опен кој најдоцна стартувал.

Кенин го доби мечот релативно лесно во два сета, бееш 6-2 и 7-6.

Ова за Венус Вилијамс беше 15. пораз по ред, се чини дека е време тенисот да го стави во минатото.

И покрај тоа што се играше после полноќ, на трибините имаше гледачи кои сакаа да ја видат легендарната Американка.

„Никогаш не сум играла меч толку доцна, бев среќна кога видов толку многу луѓе кои останаа. Вистинска чест ми беше да играме пред нив“, рече Венус Вилијамс.