Тука е крајот: Првпат по 23 години без Ѓоковиќ, Федерер или Надал во второто коло на Гренд слем

Една од највпечатливите ери во историјата на машкиот тенис и официјално остава голема трага на УС Опен. За првпат од 2003 година, во второто коло на еден Гренд слем турнир нема да гледаме ниту еден од членовите на легендарната „Голема тројка“ – Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Федерер одамна ја заврши кариерата, во 2022 година, а Надал му се приклучи две години подоцна. Ѓоковиќ остана последниот активен член на триото кое повеќе од две децении доминираше со светскиот тенис.

Сепак, српскиот тенисер годинава доживеа неочекуван крај на настапот на УС Опен. Ѓоковиќ беше елиминиран уште во првото коло од Аргентинецот, Маријано Навоне со што беше прекината и неговата неверојатна серија на настапи на Гренд слем турнирите.

За Ѓоковиќ, ова е прв пораз во воведното коло на Гренд слем уште од Австралија опен во 2006 година. Но, последиците од овој резултат се многу пошироки од самиот турнир – за првпат по повеќе од две децении, еден Гренд слем ќе продолжи без барем еден од тројцата тениски великани во втората рунда.

Федерер, Надал и Ѓоковиќ со години беа синоним за најголемите тениски турнири. Нивното ривалство ја одбележа една цела генерација, а тројцата заедно освоија огромен број Гренд слем титули и поставија рекорди кои долго ќе останат недостижни.