Интер сигурен на Сардинија, Лацио максимален по две кола (ВИДЕО)
„Нераѕурите“ уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот, а предноста ја обезбедија во деветтата минута. Николо Барела одлично го пронајде Хакан Чалханоолу, кој со силен удар од далечина го совлада домашниот голман Елија Каприле за 1-0.
За Чалханоолу ова беше втор погодок во сезоната, откако на истиот начин погоди и во првото коло против Монца. Интер беше подобар и во продолжението од првиот дел и создаде неколку сериозни шанси за зголемување на предноста. Лаутаро Мартинез се закани со удар од далечина, додека Федерико Димарко и Николо Барела исто така беа блиску до погодок. Најголемата шанса за втор гол дојде во 27. минута, кога Пио Еспозито одлично го проигра Димарко, но Каприле со одлична интервенција го спречи ударот. Малку подоцна, Хуан Родригез мораше да интервенира на самата гол-линија по ударот на Барела.
Интер продолжи да притиска и по паузата. Во една од најдобрите ситуации, Барела нафрли од десната страна, а Пио Еспозито остана сам пред голот. Младиот напаѓач имаше одлична можност за 0-2, но шутираше директно во Каприле. Интер на овој начин продолжува со одличниот старт под водство на Кристијан Киву. Шампионот во првото коло ја совлада Монца со убедливи 4-1, а сега е на добар пат да запише уште една победа.
Максимален ефект по две кола има и Лацио кој вечерва на домашен терен ја победи Џенова со 1-0.