Шоу на Бруно Фернандеш, Јунајтед му даде пет гола на Ипсвич! (ВИДЕО)

Бруно Фернандеш со хет-трик и асистенција го предводеше Манчестер Јунајтед до победа од 5-2 над Ипсвич.

Мечот не почна најдобро за Јунајтед, во 29. минута со гол на Дејвис, гостите дојдоа до предност од 1-0.

Но, десет минути подоцна Фернандеш израмни на 1-1. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.

Во 56. минута Гривс си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Само пет минути подоцна Бруно Фернандеш реализираше пенал за водство на Јунајтед и од 3-1.

Веќе во 68. минута капитенот комплетираше хет-трик за предност на Јунајтед од 4-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар.

Во 82. минута Фернандеш се најде во улога на асистент, додаде до Мбуемо кој постигна гол за 5-1.

До крајот на мечот Ипсвич преку Акпон успеа само да намали на 5-2.