Балотели: Телефоните и родителите го уништија италијанскиот фудбал

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели повторно го привлече вниманието на јавноста по отвореното интервју за „Гардијан“.

Некогаш еден од најголемите таленти во светскиот фудбал го носи дресот на Ал Итифак во Обединетите Арапски Емирати, каде што игра заедно со својот брат Енок Барвуах.

Говорејќи за причините поради кои Италија не успеа да се пласира на три последователни Светски првенства, Балотели смета дека проблемот не е во тактиката, туку во начинот на живот на помладите генерации и променетиот менталитет на родителите.

„Компјутерите, телефоните и Плејстејшн уништија многу работи. Најмногу се промени менталитетот на родителите. Денес дете од седум години тренира два часа на секои три дена. Ние на тие години имавме организирани тренинзи, но потоа уште три часа дневно игравме во парк, што ни беше дополнителен тренинг, но и забава. Вистинските таленти се раѓаат на улица и во парк“, порача Балотели.

Поранешниот италијански репрезентативец додаде дека младите фудбалери денес гледаат видеа на интернет и мислат дека се врвни мајстори, за разлика од неговата генерација, која своите потези морала да ги докажува во дуели со постари деца.

Фото: Italy/X