И четвртолигаш во Англија ќе заработи милиони од трансферот на Воткинс во Ал Хилал!
Англискиот напаѓач замина од Астон Вила и потпиша тригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија. Трансферот имаше вредност од околу 50 милиони фунти.
Од оваа сума Ексетер Сити ќе добие околу 2 милиони фунти, односно околу 4 проценти од трансферот.
Причината е правилото на ФИФА за тренинг компензација според кое 5 проценти од секој трансфер на професионален фудбалер се издвојуваат за солидарни плаќања меѓу клубовите кои учествувале во развојот на играчот од неговата 12. до 23. година.
Воткинс помина голем дел во младинските школи на Ексетер. од 2004 до 2017 година бил дел од овој клуб, последните три години ги играл во сениорскиот фудбал.
Од девет години бил во Ексетер, па целиот колач за тренинг компензација од неговите трансфери оди на сметка на овој англиски клуб.