Јувентус договори засилување од Премиер лигата, ќе плати 30 милиони евра

Италијанскиот гигант Јувентус постигна договор со Тотнем за ангажман на сенегалскиот репрезентативец Папе Матар Сар.

Сар во Торино пристигнува на позајмица со опција за откуп на договорот, која под одредени услови ќе стане задолжителна.

Вкупната вредност на трансферот може да достигне 30 милиони евра, сума која на крајот ќе му припадне на лондонскиот клуб. Самиот фудбалер уште од почетокот на преговорите инсистирал на преселба во редовите на „Старата дама“, па личните услови биле договорени без никакви проблеми.

Сар својата фудбалска кариера ја започна во сенегалската академија Генерасион Фут, од каде во септември 2020 година се пресели во француски Мец. По одличните настапи во Лига 1, Тотнем во летото 2021 година го откупи неговиот договор за околу 17 милиони евра, но го остави уште една сезона на позајмица во Мец.

Сега за првпат во кариерата ќе има можност да игра во Серија А.