Арсими сака да ја продолжи добрата серија, а Скопје се надева на прв триумф

Денеска на програмата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се игра еден натпревар, и тоа меѓу Арсими и Скопје во петтото коло од шампионатот.

Арсими влезе во добра серија и запиша два триумфи по ред во претходните рунди, додека Скопје сè уште ја бара првата победа во македонската елита сезонава.

Лорик Каба Јакупи пред натпреварот кажа дека се мотивирани по победата на гостински терен над Шкендија Арачиново.

„По важната победа во гостински терен против Шкендија во Чаир, сме мотивирани и со голема верба за следниот натпревар против Скопје. Особено сум среќен што бев автор на двата гола во таа победа, но заслугата му припаѓа на целиот тим за ангажманот и големата работа што ја направивме на теренот.

Знаеме дека нè очекува тешка пресметка, но работевме добро во текот на целата недела и сме подготвени да го дадеме максимумот на теренот. Овој натпревар го играме во Гостивар и се надеваме дека трибините ќе бидат исполнети со нашите навивачи. Поддршката од публиката е многу важна за нас и ни дава дополнителен мотив да се бориме за секоја топката и за секој бод

Сакаме да ја продолжиме позитивната серија на резултати и да прославиме уште една победа заедно со нашите навивачи. Ги покануваме сите љубители на спортот и поддржувачи на  Арсими да бидат со нас во Гостивар. Ние ќе дадеме се од себе за да ја возвратиме поддршката со уште едно добро издание и, се надеваме, со три бода”, вели Лорик Каба Јакупи.

Натпреварот меѓу Арсими и Скопје се игра од 16.30 часот на градскиот стадион во Гостивар.

Фото: Арсими ФК