Голем гест на Херера: Ќе игра бесплатно за клубот каде што ја почна кариерата!
Шпанецот беше дел од Сарагоса од 2001 до 2011 година, кога се пресели во Атлетик Билбао. Потоа играше за Манчестер јунајтед, ПСЖ, повторно за Билбао и на крајот за Бока Јуниорс.
На 37 години Ерера во Сарагоса ќе има плата од 25.000, но и целиот износ ќе го донира во клубот, што значи дека практично ќе игра бесплатно.
Неговото деби се очекува веќе в недела, кога Сарагоса ќе гостува кај Химнастик.
Сарагоса сезонава се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал и ќе се обиде експресно да се врати во Сегунда.