Флик ги поместува границите - против Атлетик почна со најмладата постава во историјата на Барса

Ханси Флик повторно покажа дека нема страв да им даде шанса на младите фудбалери. Германскиот стратег се одлучи за исклучително млада стартна постава на Барселона против Атлетик Билбао, во која ниту еден фудбалер нема наполнето 30 години.

Просечната возраст на почетниот состав на каталонскиот гигант изнесува само 23,18 години, што е уште една потврда за огромната доверба на Флик во младите сили.

Натпреварот го почнаа неколку играчи кои се производ на познатата академија „Ла Масија“, вклучувајќи четворица тинејџери од генерацијата 2007: Пау Кубарси, Ламин Јамал, Чави Еспарт и Марк Бернал. Особено впечатлив е фактот што Флик не се откажа од младата генерација ниту во натпревар против сериозен противник како Атлетик Билбао. Напротив, германскиот тренер продолжува да им верува на играчите кои треба да ја претставуваат иднината на Барселона.

„Каталонците“ во последните сезони станаа еден од најдобрите примери во европскиот фудбал за промовирање млади фудбалери, а Флик очигледно сака тој тренд да продолжи и под негово водство.