Бадијала милионите за Салах, Трабзон доживеа дебакл во Унгарија!

Tрабзонспор ова лето го доведе Мохамед Салах на кого му даде огромна плата, но тоа не му помогна да дојде до Лигата на Европа.

Турскиот гигант вечерва доживеа вистински дебакл во Унгарија каде што Ференцварош славеше со 4-0 и така со вкупно 5-0 излезе како победник во плеј-офот.

Трабзон беше целосно во подредена улога, домаќинот упати повеќе од 20 удари кон голот на Онана. Првиот гол во 19-тата минута го постигна Одова откако претходно Малиновски заработи директен црвен картон.

Во вториот дел стрелаа Корби, Деле и Лизеш, а проблемите за гостите станаа поголеми кога Кабрал во 57-тата минута заработи втор жолт картон, па останаа и со два играчи помалку. Салах на теренот остана до 64-тата минута и речиси и да не покажа ништо.