Партизан го победи Хетафе во Белград, но се прости од Европа (ВИДЕО)
Тргна српскиот тим мотивирано од самиот старт да ја надополни негативата од 3-1 во Шпанија и мрежата на Хетафе првпат се тресеше во 27-та минута кога ја погоди Милиќ. Сепак, тој гол беше поништен поради недозволена позиција.
На паузата мрежите мируваа, а Партизан до водство стигна преку Јех во 53-тата минута. Хетафе на 20-тина минути пред крајот преку Унал дојде до израмнување, но Партизан не се откажа. Успеа да постигне и втор гол преку Козјек во 76-тата минута.
До крајот продолжи да напаѓа создаде уште некоја прилика, меѓутоа не успеа да дојде до трет гол и продолженија, па тука ја завршува европската епизода за оваа сезона.