Барса рутински го реши Атлетик Билбао, Родри дебитираше (ВИДЕО)

Барселона во вториот натпревар дојде и до втората победа во Ла Лига откако вечерва го совлада Атлетик Билбао со 2-0 на свој терен. 

Барселона доминираше на теренот, создаваше шанси и промашуваше, па резултатот можеше да биде и многу поубедлив. Домаќините го скршија отпорот на Баскијците во 37. минута, кога Педри мајсторски го проигра Рафиња, а Бразилецот го заобиколи Симон и рутински погоди за 1-0.

Атлетик можеше да го казни домаќинот во 75. минута. Сансет се најде во одлична позиција, но неговиот удар заврши само во стативата, па Барселона се спаси од непријатен момент. Тоа беше и единствената голема прилика за гол на Баскијците.

На овој дуел официјалното деби во дресот на Барселона го имаше Родри кој беше пречекан со овации од теренот при влегувањето во игра во 63-тата минута.  Конечните 2-0 ги постави Фермин во 82. минута, за негов трет погодок сезонава.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Осасуна на гости ја совлада Селта Виго со 2-1.