Мората од елитен напаѓач станува второлигашки играч!?
По лошото поглавје во Комо во Серија А, Алваро Мората е на пат да се пресели во шпанската втора лига, најверојатно ќе игра за Леганец.
Вкупното обештетување кое елитните клубови го платија низ кариерата на Мората изнесува фантастични 229 милиони евра.
Тој сега има 33 години, но тоа е возраст во која играчите уште можат да дражат највисоко ниво, но најверојатно не и тој.
„Алваро Мората е многу блиску до Леганец. Клупскиот претседател Едуардо Косин и спортскиот директор Андрес Пардо интензивно работат да се договорат со напаѓачот. Преговорите се одвиваат многу добро и има оптимизам. Клубовите преговараат за позајмица“, пишува новинарот на Марка, Матео Морето.
Мората во сениорската кариера настапуваше за Реал Мадрид, Јувентус, Челси, Атлетико Мадрид, Милан, Галатасарај и Комо.