Јаја Туре направи чудо со Слован: Прв африкански тренер што однел клуб во ЛШ
Туре, кој по блескавата играчка кариера направи чекор во тренерските води, доби голем предизвик во Братислава, но одговори на најдобар можен начин.
Во само десет натпревари на клупата, тој успеа да ја стабилизира екипата и да ја предводи низ европските квалификации до елитното натпреварување. Со овој успех, Туре влезе и во историјата на Лигата на шампионите. Тој стана првиот африкански тренер кој успеал да обезбеди пласман во лигашкиот дел од најпрестижното европско клупско натпреварување.
За поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити ова е уште еден значаен чекор во неговата тренерска кариера. Туре како фудбалер освои бројни трофеи и остави длабока трага во европскиот фудбал, а сега почнува да пишува ново поглавје – како тренер. Слован Братислава со пласманот во Лигата на шампионите доби можност да се соочи со најдобрите европски клубови, а Туре доби историски момент кој дополнително ќе го одбележи неговото име во африканскиот и европскиот фудбал.