Познати се сите учесници во ЛШ: Македонија ќе биде без претставник (ФОТО)
Ждрепката за елитното натпреварување ќе се одржи денеска од 18 часот, а клубовите според коефициентите на УЕФА се поделени во четири шешири.
Секој од 36 екипи ќе добие по два противници од секој шешир, што значи вкупно осум различни противници. Против еден клуб од секој шешир ќе игра на домашен терен, а против другиот ќе следи гостување.
Исто така, екипи кои доаѓаат од иста држава во оваа фаза од натпреварувањето не можат да се соочат меѓусебе.
Сите 36 екипи се наоѓаат на заедничка табела, при што првите осум се пласираат директно во осминафинале, додека клубовите од 9 до 24 место ќе играат дополнителна рунда во нокаут-фазата.
✅ CONFIRMED
— Football Meets Data (@fmeetsdata) August 26, 2026
Your seeding pots for the 🔵 UCL league stage draw.
🗓️ Thursday, 18:00 CET pic.twitter.com/ZA1dSvR3cd
Фото: Facebook/UEFA Champions League