Хаос во Лион: Гендузи покажуваше среден прст, навивачите збеснаа (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Марсеј и актуелна ѕвезда на Фенербахче, Матео Гендузи направи хаос во дуелот меѓу Лион и турскиот тим (1-2).

Гендузи почна да ги провоцира навивачите на Лион со среден прст, па дел од нив се симнаа од трибините за да се пресметаат со фудбалерот на Фенербахче.

Фенербахче со оваа победа избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако со вкупни 3-2 го елиминира Лион.