Замена за Салах во Ливерпул ќе биде играч кој никогаш не играл ЛШ?
Откако Брајтон го прецени Јанкyба Минте на повеќе од 90 милиони евра, Ливерпул се сврте кон друг Африканец, Сенегалецот од Кристал Палас, 28-годишниот Сар.
Ова е до некаде е изненадување, ако се земе предвид дека Сар нема некоја голема кариера, бидејќи во Англија четири сезони го носеше дресот на Вотфорд, а потоа последните две на Кристал Палас, додека една сезона помина во Олимпик Марсеј, каде што не блескаше.
Кога ќе се погледне неговата досегашна кариера, можеби единствено кај Оливер Гласнер „експлодираше“. Тој одигра 92 натпревари, постигна 33 гола и додаде 10 асистенции, додека сличен учинок имаше и во Вотфорд, 34 гола и 19 асистенции, но за четири години, од 2019 до 2023 година, што и не е баш учинок за реномето на Ливерпул.
На ова треба да се додаде дека Сар никогаш нема одиграно натпревар во Лигата на шампионите. Играше во Лигата на Европа, каде што постигна шест гола и додаде шест асистенции, додека во шампионската сезона во Конференциската лига, во дресот на Палас, постигна девет гола на 13 натпревари.
Фото: Crystal Palace F.C.