Аларм во Њујорк: Ѓоковиќ го прекина тренингот
Овој тренинг меч беше закажан по дуелот во мешани парови, во кој Ѓоковиќ настапи во тандем со Арина Сабаленка, но беа поразени во првото коло со 1-4, 4-2, 10-2.
Дел од медиумите пишуваат дека можеби заморот по овој меч е причина за прекинот на тренингот. Сепак, кога ќе се знае дека мечот во мешани парови траел само 54 минути, одлуката на Ѓоковиќ толку брзо да го прекине тренингот со Бергс добива одредена тежина.
Djokovic ha parado su entrenamiento con Bergs cuando iba 0-3 abajo.
— José Morón (@jmgmoron) August 25, 2026
Parece que está bien físicamente, solo que puede haberse sentido sobrecargado después del dobles mixto. https://t.co/bdWoaRDq85
Особено затоа што тенисерите на тренинзите мора да водат сметка и за своите партнери, па на Белгиецот сигурно не му било сеедно што тренинг мечот бил скратен.
Ѓоковиќ е познат како исклучително фер противник и доколку немало причина, веројатно не би го прекинал тренингот.
„Според достапните информации, не станува збор за никаква повреда. Најверојатно причината е заморот од мечот во мешани парови“, пишуваат американските медиуми.
Но, доколку на Ѓоковиќ му претставува проблем само 54 минути не премногу сериозен тенис, во кој го делеше теренот со Сабаленка, тогаш тоа секако не звучи добро.
Фото: Wimbledon