Познати се деталите: Ливаковиќ го прави трансферот на кариерата!

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ потпиша за Барселона, каде што пристигнува од Фенербахче, а новинарот Фабрицио Романо објави дека сите документи се комплетирани и наскоро се очекува официјална промоција.

Барселона за трансферот ќе плати два милиони евра фиксно, додека дополнителни два милиони се предвидени преку бонуси, додека Ливаковиќ ќе потпише четиригодишен договор со каталонскиот гигант.

Интересно е тоа што планот за Ливаковиќ првично бил поинаков, односно Барселона планирала да го испрати на позајмица во Динамо Загреб, меѓутоа идејата пропадна, па допрва каталонскиот гигант треба да одлучи што ќе се случи со Хрватот.

Доколку остане на „Камп Ноу“, искусниот хрватски чувар на мрежата ќе биде резерва на Жоан Гарсија, а во тој случај Војчех Шчесни ќе биде трет голман.

Сепак, доколку Барселона пронајде соодветна опција за позајмица, тогаш Ливаковиќ би можел да замине, па да се врати во Каталонија во јули 2027 година.

Фото: www.fenerbahce.org