Манчестер сити во Ливерпул си најде замена за Халанд! (ФОТО)

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити планира да го купи 27-годишниот Коди Гакпо од Ливерпул како замена за норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд.

Гакпо заигра на стартот на новата сезона и остави добар впечаток против Њукасл, а тоа дополнително ги натера „граѓаните“ да побрзаат со реализација на трансферот.

Холанѓанецот има договор со Ливерпул до 2030 година, а освен Ливерпул за неговиот потпис е заинтересиран и Тотнем.

Тотнем веќе ги имаше договорено и личните услови со Гакпо, но не успеа да се договори со Ливерпул, па целата ситуација сака да ја искористи Манчестер сити.

Фото: Manchester City /Facebook