Тотнем го претстави Савињо, Сити подготвува понуда за голема ѕвезда на Челзи!
Бразилското крило беше претставено како ново засилување, но клубот од Лондон не ги откри деталите од трансферот. Според трансфер-експертот Фабрицио Романо, „светците“ за неговиот потпис ќе плати околу 87 милиони евра, без дополнителните бонуси. Савињо во Манчестер Сити пристигна во летото 2024 година од француски Троа, а минатата сезона забележа 36 настапи во сите натпреварувања, со четири гола и три асистенции.
Интересно, неговата актуелна пазарна вредност се проценува на околу 35 милиони евра, што значи дека Сити направи сериозен профит од неговата продажба. А „граѓаните“ парите од трансферот очигледно планираат веднаш да ги вложат во ново големо засилување. Имено, Манчестер Сити тргна по Енцо Фернандес од Челзи, а според Романо, аргентинскиот репрезентативец веќе дал согласност за преселба на „Етихад“.
Енцо е главната трансферна цел на Сити, но реализацијата на зделката сега зависи од преговорите со Челзи. Лондонскиот клуб нема намера лесно да се откаже од 25-годишниот играч за врска и останува на ставот дека би го продал само доколку пристигне доволно висока понуда и доколку има можност навреме да најде адекватна замена. Од Манчестер Сити веќе ја подготвуваат официјалната понуда која треба да биде испратена до Челзи.