Вардар замената за Велковски ја најде во Брегот на Слоновата Коска!

Екипата на Вардар брзо реагираше по заминувањето на искусниот Дарко Велковски, кој замина во Бахреин и ја засили одбраната со фудбалер од странство.

Нов член на македонскиот шампион е Сирики Дијабате, 23-годишен фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, кој настапува на позицијата централен дефанзивец. Тој е висок 192 сантиметри, а токму неговата физичка конституција треба да биде дополнителна опција за тренерот на Вардар во срцето на одбраната. Негов последен клуб е катарскиот второлигаш Муатер, а претходно играл за бугарските тимови Ботев Враца и Ботев Пловдив.

За Вардар ова е уште едно засилување во обидот да се консолидира тимот по бурниот старт на сезоната. Актуелниот македонски шампион во новата сезона влезе со амбиции за одбрана на титулата, а по ужасно лошиот настап во Европа и поразот од Шкендија изминатиов викенд убедливо го совлада Силекс (4-1).