Поранешен боксерски шампион уапсен во Загреб поради - силување!
Хрватската полиција го сомничи за силување на интимната партнерка, семејно насилство и противправна наплата. По предлог на надлежното обвинителство, истражен судија му одредил притвор поради опасност од влијание врз сведоци, повторување на делото и бегство. Тој, според хрватските медиуми, поседувал и хрватско државјанство.
Според наводите од пријавата, жената го обвинила дека ја силувал во станот во Загреб во кој заедно живееле. Таа, исто така, навела дека претходно ѝ ставил синџир околу вратот и на тој начин ја одвлекол до станот. Откако решила да избега и да замине во Србија, наводно добивала и заканувачки пораки.
„Жива нема да излезеш од Србија. Ќе ти дојде таму мојот кум ако не ми ги вратиш парите.“
Постои и спор околу пари. Боксерот тврди дека поранешната партнерка му должела 1.080 евра, кои подоцна му ги уплатила на сметка. Таа, пак, тврди дека од него претходно добила само 100 евра. Поранешниот боксер ги негира обвиненијата за психичко и физичко насилство. Во однос на сомнението за противправна наплата, тврди дека станувало збор исклучиво за позајмица која партнерката не му ја вратила.