ВАР бил без грешка дербито помеѓу Шкендија и Струга
Според извештајот на Судискиот одбор во сите спорни ситуации арбитрите донеле исправни одлуки, а како клучни се издвојуваат две ситуации.
Клучна судиска ситуација во 56. минута од натпреварот од 4. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Тетово и ФК Струга Трим Лум, пред да се постигне израмнувачкиот погодок за 1:1 на гостинската екипа.
Имено, главниот судија има погрешна проценка и пропушта да препознае очигледен прекршок од одбранбениот играч на домашната екипа кој со газење, без да ја игра топката, прави прекршок над противничкиот напаѓач на гостинската екипа. По правилна проверка согласно ВАР протоколот, главниот судија е повикан на преглед на снимка на терен (OFR). По извршен преглед од страна на главниот судија, правилно е досуден казнен удар за гостинската екипа.
Прекршокот со газење е очигледен и е во целосна согласност со линијата на интервенции за ВАР, како и со критериумот кој го имаше главниот судија за време на целиот натпревар каде вакви идентични прекршоци беа санкционирани.
Од стручен судиски аспект, главниот судија не е во добра поставеност и нема целосна прегледност на ситуацијата, од причина што во ситуации близу линијата од казнениот простор треба да го отвори своето видно поле лево во својата дијагонала за да може да ги препознае овие прекршоци.
Втората клучна ситуација е во 84. минута кога главниот судија е во одлична поставеност и правилно проценува прекршок од гостинскиот напаѓач врз напаѓачот на ФК Шкендија Тетово. Согласно критериумот, прекршокот е казнив, од причина што одбранбениот играч задоцнето реагира, ја промашува топката и го соборува со прекршок противничкиот напаѓач. Правилна судиска проценка од главниот судија, која е и потврдена од ВАР“, стои во соопштението.