Мален погодуваше, Дибала асистираше - Рома ја прегази Фиорентина! (ВИДЕО)

Предводена од тандемот Мален – Дибала, Рома славеше сигурна победа од 4-0 над Фиорентина во првото коло од Серија А.

Рома беше подобар противник и заслужено ги освои бодовите, но Мален и Дибала посебно блескаа. Напаѓачот го заврши натпреварот со три постигнати гола, додека Аргентинецот му беше асистент за сите на секој од нив.

Резултатот беше отворен по 27-та минута, а и покрај тоа што „волчицата“ имаше уште некоја прилика во првите 45 минути тоа беше единствениот гол.

По седум минути игра во второто полувреме, Мален го постигна својот втор гол за хет-трикот да го комплетира на истекот на еден час игра. Конечниот резултат беше поставен во 86-тата кога мрежата ја на Фиорентина ја погоди Писили.

Во натпреварот кој се играше денес претходно во Италија, Лацио стигна до три бода со минимален триумф од 1-0 против Болоња.