Жоао Педро даде гол за 31 секунда и испиша историја во Премиер лигата (ВИДЕО)

Челси и Фулам одиграа фантастично прво полувреме по кое „сините“ имаат предност од 2-1, а резултатот беше отворен по само 30-тина секунди.

Жоао Педро доби топка од Кол Палмер веднаш по почетниот удар од средината на теренот и ја погоди мрежата на лондонскиот ривал за само 31 секунда. 

Со овој гол тој постави и рекорд во Премиер лигата со најбрз постигнат гол во првото коло. Досегашниот рекорд го држеше Дејвид Хили, кој во 2007 година постигна гол за Фулам против Арсенал по 50 секунди.