Борачите ги обезбедија првите три медали за Македонија од Медитеранските игри!

Македонија денеска дојде своите први три медали од Медитеранските игри во Таранто, две сребра и една бронза и нив ги обезбедија борачите, Фати Вејсели, Ахмад Магомедов и Реџеп Хајдари.

Вејсели денеска прв се бореше против албанскиот натпреварувач Ислам Дудадев во категоријата до 74 килограми, сепак македонскиот претставник немаше среќа се повреди и загуби со 4-0 со што мораше да се задоволи со сребрениот медал.

До сребро во Таранто дојде и Реџеп Хајдари во катагоријата до 97 килограми кој исто така го загуби своето финале со 6-0 против Гркот, Даурен Куруглиев

Медал освои и Ахмад Магомедов до 86 килограми кој издоминира во борбата со Италијанецот, Габриеле Николини и сосема заслужено славеше со 10-0 за бронзен медал.