Почина Огњан Циговски - претседателот на Скијачката федерација на Македонија
Циговски во изминатите години беше еден од препознатливите луѓе во македонското скијање. Покрај функцијата во федерацијата, тој беше долгогодишен раководител на Скијачкиот центар Маврово.
На чело на Скијачката федерација на Македонија дојде во март 2021 година. Тогаш, на вонредно собрание беше избран за претседател на федерацијата.