Костовски немоќен против Рејес Пла во борбата за полуфинале на МИ

Македонскиот боксер Ило Костовски загуби од шпанскиот ривал Емануел Рејес Пла со 0-5 во четвртфиналето во категорија до 90 килограми на Медитеранските игри (МИ) во Таранто.

Судиите му дадоа подобра оценка на шпанскиот боксер во сите рунди, односно четворица од нив го оценија со 10-9, додека петтиот му даде оценка 10-8.

Утре на програмата е борбата на Ален Рустемовски во четвртфиналето против Ариол Зенели од Албанија.

Фото: MKD Olympic Team/Facebook