Македонските одбојкарки загубија од Косово на Медитеранските игри

Македонската женска одбојкарска репрезентација загуби со 1-3 од Косово (28-30, 17-25, 25-19 и 16-25) во второто коло од групната фаза на Медитеранските игри во Таранто.

Во првиот сет се водеше голема борба меѓу двете одбојкарки, а Косово имаше повеќе среќа во завршницата и славеше со 30-28.

Македонија лошо го почна вториот сет, а Косово поведе со 5-1, по што продолжи да доминира и да стигне до 25-17.

Нашите одбојкарки конечно заиграа за нијанса подобро во третиот сет, кој им припадна со 25-19, но во следниот Косово славеше со 25-16 и така стигне до победата.

Најефикасна кај Македонија беше Андротеа Милевска со 20 поени, додека Љиља Ковачевиќ запиша 15 поени.

Македонија го игра следниот натпревар на Медитеранските игри против Грција в среда од 19 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија