Катастрофа во црно-белиот табор: Партизан останува без тренер и без - цела управа!
Раководството на Партизан, предводено од претседателот Расим Љаиќ, генералниот директор Данко Лазовиќ и спортскиот директор Радослав Петровиќ, ќе поднесе оставки по натпреварот со Хетафе, без разлика на резултатот од тој меч. Тоа значи дека дури и евентуален пласман во следната фаза нема да ја промени одлуката. Претходно беше најавено дека управата ќе се повлече доколку Партизан не обезбеди пласман во Лигата на конференции. Сепак, по утринскиот состанок во клубот, ден по дебаклот во Лучани, одлуката е дополнително прецизирана – оставките нема да зависат од исходот на натпреварот со Хетафе.
Иста судбина го очекува и тренерот Саша Илиќ, кој уште по натпреварот во Лучани донел одлука да се повлече од функцијата, но на барање на раководството, од чувство на одговорност кон клубот, прифатил да го предводи тимот уште на исклучително важниот дуел со Хетафе. По тој натпревар, и тој ќе поднесе оставка – без оглед на резултатот.
Во официјалното соопштение Партизан потврди дека целото раководство ја презема одговорноста за резултатите. Следниот чекор ќе биде изборот на новите органи на клубот. Собранието на Партизан ќе се одржи во периодот од 21 до 25 септември, за време на првата репрезентативна пауза, кога ќе се одлучува за идното раководење со клубот.