Неверојатна сцена: Бебе прекина натпревар во во МЛС-лигата (ВИДЕО)

На фудбалските терени понекогаш може да се забележат „непоканети гости“, поради кои натпреварите мора да се прекинат на момент, а нешто слично се случи и на дуелот меѓу Минесота јунајтед и Сан Хозе.

Минесота победи со 5-1 во натпреварот, меѓутоа резултатот падна во втор план откако на теренот се појави бебе.

Инцидентот се случи во првата минута од судиското надополнување, поради што судијата мораше да ја прекине играта, а потоа бебето беше вратено на родителите.