Проблем за Барселона - Гави пак се повреди!
По вчерашниот натпревар тренерот Ханси Флик ја кажа првичната прогноза. Тој се надева дека не е сериозно, но потврди дека станува збор за коленото.
„Повредата е на коленото. Ќе треба да почекаме. Малку е подобро отколку што тој очекуваше кога се повреди. По мечот беше многу подобро. Ќе направиме детален скен и ќе видиме“, рече Флик.
Во текот на денешниот ден се очекуваат подетални информации за повредата на Гави и колку долго тој ќе биде надвор од терените.