Ништо од медал, Георгиевски загуби во четвртфиналето во Таранто

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски загуби во четвртфиналето на Медитеранските игри и не успеа да влезе во борбата за медал.

Георгиевски загуби во меч со три рунди со резултат 1-2 за противникот од Турција, Берат Демирчоглу.

Мечот траеше 16 минути и 11 секунди.

Претходно елиминација доживеаа и мечувалците Петар Дамјаноски кој загуби од Гркот Артемиос Цованис со 13-15 и Огнен Бундалески кој беше убедливо поразен од Италијанецот Енрико Пјати со 4-15.