Дефанзивците го спасија Сити, Брајтон ја понижи Астон Вила! (ВИДЕО)
Манчестер Сити беше блиску до пораз, а на крајот победи. Тоа беше неверојатен меч.
Борнмут поведе во 26. минута со гол на Таверние. Гостите не само што водеа, туку имаа шанси и за поубедлива предност.
Манчестер Сити се обидуваше да се врати во мечот, а тоа што не им успеа на напаѓачите, го направија дефанзивците во финишот.
Најпрво Геј погоди со глава во 84. минута за израмнување на 1-1.
Во 91. минута гол даде и Гвардиол за комплетен пресврт и победа од 2-1 за Манчестер Сити.
Астон Вила доживеа тежок дебакл кај Брајтон кој за половина час даде четири голови.
Серијата погодоци почна со автогол, Линделоф си ја затресе сопствената мрежа во осмата минута од мечот.
Десет минути подоцна Де Кујпер зголеми на 2-0, веќе се надзираше победата на Брајтон, но никој не очекуваше дека таа ќе биде многу убедлива.
На сцена стапи Хиншелвуд кој за две минути даде два гола и ги постави конечните 4-0.
За проблемите на Астон Вила да станат уште потешки се „погрижи“ Жоао Гомеш кој на пет минути пред крајот на првото полувреме беше исклучен. Гостите го доиграа мечот со фудбалер помалку.
Во второто полувреме немаше ништо, головите и картоните останаа од првиот дел.